Облачен четврток


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес, четврток, 19 декември, времето во Македонија ќе биде претежно облачно. Во котлините во поголем дел од денот ќе има магла и постудени временски услови.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет степени, а дневната температура од шест до 14 степени.

Во Скопје ќе биде облачно. Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура до шест степени.

Од петок следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со умерен, а на места со обилен карактер. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец кој ќе услови расчистување на маглата.