Суперсоничен „ѕвер“ кој може да развие 1.000 км/час за 50 секунди (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Суперсоничниот автомобил на компанијата „Bloodhound“ e „ѕвер“ кој може да развие брзина од над 1.000 км/час, па сега единствен проблем поврзан со овој проект е финансискиот дел.

Компанијата која го направи овој неверојатен автомобил има финансиски проблеми поради што иднината на суперсоничен автомобил е неизвесна.

Компанијата „ Bloodhound“ до неодамна беше на прагот на банкрот, за малку ќе прекинеше со сите свои проекти. Но, новите тестови покажуваат дека проектот не само што трае туку суперсоничното возило покажува извонредни резултати. Овој автомобил за само 50 секунди постигнал брзина од неверојатни 1010 км на час.

Иако резултатот е импресивен сепак „ Bloodhound“ е дури шестиот најбрз автомобил на светот.

Брзина поголема од 1000 км на час „Bloodhound“ ја постигнал со помош на ЕЈ200 моторот. Следниот пат би требало да добие и засилување во облик на ракета која ќе се најде во тунел пред моторот. Се очекува дека тогаш овој автомобил ќе ја надмине брзината од 1.200 км на час и ќе постави нов светски рекорд во брзина.

За финалната фаза на овој проект на компанијата и се потребни уште околу 13 милиони долари, а претставниците на компанијата очекуваат дека зголемениот интерес од медиумите ќе привлече нови инвеститори.