Писателка која има напишано есеј со наслов „Како да си го убиеш сопругот“ обвинета за убиство на својот сопруг


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


71-годишната писателка Ненси Кремптон Брофи, авторка на самоиздадени љубовни романи, која претходно има напишано онлајн есеј под наслов „Како да си го убиеш сопругот“, е осудена за убиство од судот во Орегон за убиство на својот сопруг со пиштол.

Ненси е проглaсена за виновна откако поротата во судот во Портланд, Орегон, два дена ја анализирала смртта на Даниел Брофи. 63-годишниот готвач бил убиен на 2 јуни 2018, додека се подготвувал да почне со работа во Кулинарскиот институт на Орегон.

Она што е интересно е што во 2011 Ненси напишала онлајн есеј во кој детално ги опишува опции за извршување убиство кое не може лесно да се открие, во форма на „брејнсторминг“ вежба за писатели.

На почетокот на текстот таа вели:

„Како писател на напнати романтични романи, минувам многу време мислејќи на убиства и оттаму и на полициските процедури. На крајот на краиштата, ако убиството треба да ме ослободи, сигурно не сакам да завршам во затвор. И нека се знае, не сакам затворска униформа и портокалово не е моја боја“.

Следат детално категоризирани мотиви за убиство на сопругот – финансиски, „измамничко копиле“, маж што малтретира итн. – и дискусија на можните методи. Ножевите се оценети како „премногу лични и одблизу, крв насекаде“, додека отровот кој се смета за „женско оружје“ е лесен за откривање. Пиштолите се „гласни, хаотични, бараат вештина“.

Иако судијата го исклучил есејот од судењето, со оглед на тоа што бил напишан пред повеќе години, а поротниците не смееле да го земаат предвид при донесувањето на одлуката, сепак тој како сенка се надвиснувал над судењето. Мотивацијата според поротата биле пари и полиса за осигурување на мажот. Од доказите тие располагале со „гоуст ган“, тн. пиштол-дух на составување на кого тешко му се влегува во трага. Се знае дека тој ѝ припаѓал на обвинетата, но не е докажано дека тоа е истиот со кој е убиен Брофи.

Нејзините адвокати тврделе дека деловите од пиштолот биле инспирација за нова книга на Кремптон Брофи и сугерирале дека некој друг можеби го убил во тек на провала во кулинарската школа.

„Полесно ми е да посакувам луѓето да умрат отколку навистина да ги убијам“, напишала таа во постот од 2011. „Не сакам да се секирам за дамки крв и парчиња мозок на моите ѕидови. Не сум добра во помнење лаги. Но едно знам за убиствата – дека секој од нас може да го стори тоа ако е доволно притиснат“.