Дали Џони Деп „се плетка“ со адвокатката која го брани од неговата бивша сопруга? (снимка)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како еден од најпосакуваните и своевремено најзгодни актери на светот, Џони Деп, секогаш бил во придружба на атрактивни жени. Но, и немал баш нешто многу среќа на полето на брачниот живот.

А сега дел од снимките од судските парници кои се водат помеѓу него и неговата бивша сопруга Амбер Херд, иницираат нови шпекулации за неговиот љубовен живот.

Судејќи по снимките кои се појавија, можно е тој да е во врска со својата адвокатка, членка на правниот тим кој го застапува во парницата против неговата поранешна сопруга, 37-годишната Камила Васкез, нагаѓаат странските медиуми.

Според снимките и сликите кои го обиколија Интернетот, тие двајца имаат исклучително близок контакт, што не е случај во ваквите професионални ситуации.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daily Mail (@dailymail)

Џони и Камила седат блиску еден до друг во судницата, разменуваат насмевки, актерот се доближува до нејзиниот стол и ја поздравува во ходникот. Сето ова ги наведува фановите на Џони, а и јавноста да се посомневаат дека помеѓу нив постои одредена блискост. Џони Деп е исклучитен кавалер кон оваа млада дама, но и таа возвраќа на овие блиски контакти и покажува преголема наклонетост кон овој клиент.

Сепак, други извори тврдат дека ова е само пријателски чин и почит од актерот, и дека оваа адвокатка е во врска со еден Британец кој се занимава со продажба на недвижен имот. Сепак, многумина не останаа рамнодушни на овие сигнали кои Џони Деп ѝ ги испраќа на младата Камила во судницата, па се надеваат дека актерот му претстои нова љубов.