Почина славниот холивудски актер Реј Лиота


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Славниот холивудски актер Реј Лиота, кој имаше култен почеток на кариерата  во криминалистичката класика на Мартин Скорсезе од 1990 година „Goodfellas“, почина на 67-годишна возраст.

Како што пренесуваат странските медиуми, Лиота починал во сон во Доминиканската Република, каде што го снимал филмот „Dangerous Waters“. Реј зад себе ја остави ќерката Карсен. Беше свршен со Џејси Нитоло.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ray Liotta (@rayliotta)

Легендарниот актер, кој е на екранот со децении, го играше и Џо Џексон во „Field of Dreams“. Во поново време, тој се појави во филмот на „Netflix“ насловен „Marriage Story“ и како и „Many Saints of Newark“. Беше дел и од актерската екипа на култниот „Hannibal“ во режија на Ридли Скот.

„Убаво е што филмот сè уште живее во главите на луѓето“, изјави Лиота за „Daily News“ за „Goodfellas“ во 2020 година, на 30-годишнината од мафијашкиот класик. „Изгледа дека тоа е она што ќе продолжи понатаму“, додаде тој.