Home Спорт „Пирова“ победа за Романците, Македонија оди на уште едно Светско првенство!

„Пирова“ победа за Романците, Македонија оди на уште едно Светско првенство!

Македонската ракометна репрезентација доживеа пораз на гостувањето кај Романија во Клуж (26-25), но и покрај тоа, ќе игра на ракометниот Мундијал в година затоа што Романците не успеаја да ја анулираат негативата од осум гола во Скопје.

Во Клуж беше и жешко и тешко за играње, Македонија не успеа да ја повтори играта од Скопје и во сите 60 минути буквално се мачеше на теренот.

Најдобар во победничкиот табор кај Македонија беше Манасков со 7 гола, додека капитенот Кирил Лазаров даде шест гола.

На спротивната страна, Григораш постигна девет гола, додека голманот Попеску беше еден од најзаслужните зошто Романија беше во игра на овој меч и заврши со 11 одбрани.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…