Пилот открива трикови како да го изберете најдоброто седиште во авион по ваш вкус


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Оние кои често патуваат со авион знаат дека турбуленциите кои можат да го зафатат леталото горе, кога е во лет, не се чувствуваат исто во сите делови од авионот.

Комерцијалниот пилот Џони Нолсон советува како да изберете седиште во авионот на кое најудобно ќе го поминете летот.

„Ако сакате помалку да ги чувствувате турбулренциите, седнете близу до крилата. На седиштето кое се наоѓа блиску до центарот на авионот помалку влијаат надворешните сили, па летањето ќе ви биде попријатно“, вели Џони.

Ако сакате малку да отспиете за време на летот, тој советува да изберете седиште блиску до почетокот или крајот на авионот, бидејќи тие делови се најоддалечени од моторите.

„Ако ги пропуштите нив, тогаш одберете седиште кое се наоѓа на преминот, а не од оние до прозорите. Ќе го жртвувате погледот од прозорец, но ќе ви биде потивко. Најдобро место за спиење, сепак, е поблиску до средината, бидејќи така сте пооддалечени од тоалетот и од екипажот кој работи“, вели Нолсон.

Седиштата кои се свртени кон ѕидовите се одличен избор за високи луѓе, бидејќи имаат повеќе простор за протегнување на нозете. Ако, пак, сакате што побрзо да излезете од авион кога ќе заврши летот, Џони советува да се држите до левата страна, бидејќи излегувањето обично почнува од таа страна.

„Најдобро седиште во авионот, сепак, е моето“, на крајот се шегува овој пилот во разговорот за Daily Mail.