Home Актуелно Петок за уживанција

Петок за уживанција

Петок ќе биде уште еден ден за уживање. Сончево и речиси без ветер ќе биде во текот на целиот ден.

Наутро ќе биде прилично свежо, но со позитивна температурата која ќе има вредности во дијапазонот помеѓу 0 и 5 степени.

Преку ден ќе биде релативно топло.. Максималната вредност на температурата ќе биде во границите помеѓу 14 и 17 степени во охридско преспанскиот, полошкиот, овчеполскиот и пелагонискиот регион западниот, односно помеѓу 11 и 13 степени на повисоките места. Најтопло ќе биде долж вардарската долина, околу 18 Целзиусови.

Скопскиот крај очекува ведро и тивко време .Температурата ќе има минимална вредност околу 0, а максимална до околу 18 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…