Home Актуелно Петок носи разведрување

Петок носи разведрување

Петок ќе биде ден кој ќе помине во прилично подобри метео услови за разлика од четврток. Пред се ќе биде доста посончево, особено во втортата половина од денот, а и ветерот ќе биде доста послаб во однос на претходниот ден.

Наутро во одделни котлини ќе има појава на сосема слаба магла и ниска облачност, пред се во западниот дел од земјата, но и долж повардарието.

Температурата во утринските часови ќе биде насекаде негативна, и тоа во дијапазонот помеѓу минус 10 и минус 5, а на повисоките места истата ќе се спушти во границите помеѓу минус 12 и минус 15 степени.

Максималната температура ќе има вредности од околу минус 1 до 2 степени во северниот и југозападниот крај, а на југоисток околу 4 степени.

Скопскиот крај го очекува умерена, ниска облачност наутро, додека преку ден ќе има тенденција за  разведрување посончево време. Наутро ќе биде студено, со минимална температура околу минус 8. Максималната вредност на температура нема да надмине 1 степен Целзиусов.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…