Петочна и викенд временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот априлски петок во Македонија претпладне носи сончево време со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има локални умерени до повремено поројни врнежи од дожд и особено вдолж Повардарието појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 0 до 6, а максималната од 11 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен умерен до пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен западен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне 20 степени.

За време на викендот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, локално над 20 литри на метар квадратен, проследени со појава на грмежи во сабота и засилен ветер.

Во недела ќе преовладува облачно време проследено со умерен до силен северен ветер, над 60 километри на час, а поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови врнежите ќе бидат од снег. Дневните температури особено во северните делови позначително ќе опаднат.