Американските експерти тврдат: Вакцинираните со вакцини од Фајзер и Модерна не го носат и не можат да го шират коронавирусот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако претходно, со месеци се предупредуваше дека вакцинираните лица сепак треба да бидат претпазливи за да не заразуваат други луѓе, американскиот Центар за контрола и превенција на болести сега сугерира дека можеби нема голем ризик тие да го пренесуваат коронавирусот.

„Вакцинираните луѓе не го носат вирусот – тие не се разболуваат“, рече д-р Рошел Валенски, директор на ЦДЦ, во вторникот за МСНБЦ. Ова се гледа „не само во клиничките испитувања, туку е и во податоците од реалниот свет“.

Валенски се осврна на новата студија на ЦДЦ, според која оние што се целосно инокулирани со вакцините произведени од „Модерна“ и „Фајзер“ не го пренесуваат вирусот. Истражувачите анализирале како вакцините заштитиле скоро 4.000 здравствени работници, болничари и други медицински работници што работат на осум локации во САД против вирусот и неговите позаразни варијанти. По примањето една доза на која било од двете вакцини, ризикот од инфекција кај учесниците бил намален за 80 проценти, а таа бројка скокнала на 90 проценти по втората доза. Без да се заразат, луѓето не се во можност да го шират вирусот. Резултатите се слични на она што научниците го откриле во клиничките испитувања за вакцините, односно дека двете дози од која било од двете вакцини имаат стапка на ефикасност од околу 95 проценти.

Ова е прва студија на агенцијата во која се анализира колку добро функционирале вакцините кај возрасни од работоспособна возраст, кои имаат поголем ризик да бидат изложени на вирусот и да го шират. „Овие откритија треба да им дадат надеж на милиони Американци што секојдневно ги примаат вакцините против ковид-19 и на оние што ќе имаат можност да го засукаат ракавот и да се вакцинираат во следните недели“, д-р Рошел Валенски, директорот на ЦДЦ, се вели во соопштението. „Одобрените вакцини се клучната алатка што ќе помогне да ѝ се стави крај на оваа разорна пандемија“. Сепак, ЦДЦ не издаде нови упатства за тоа како треба да се однесуваат вакцинираните; сегашното упатство е дека тие продолжуваат да преземаат мерки на претпазливост како што е носењето маски.

Во САД заклучно со 30 март се применети повеќе од 142 милиони дози на вакцините на Модерна и Фајзер, според ЦДЦ. За третата вакцина што моментално се наоѓа на американскиот пазар, која се дава во една доза, а е направена од „Џонсон и Џонсон“, се покажа дека е 66% ефикасна во спречувањето умерена до тешка болест поврзана со ковид-19.