Петочна и викенд временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој јануарски петок во Македонија носи претежно облачно време со врнежи од дожд, пообилни во западните делови, каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 8 степени, а дневната од 3 до 15 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 10 степени.

И утре времето ќе биде променливо облачно, доцна попладне и кон крајот на денот ќе започнат врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта. На планините на запад и север ќе врне снег, а на северот преку ноќта снег ќе има краткотрајно и на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Долж Повардарието повремено ветерот ќе биде засилен. Дневните температури ќе се движат од 3 до 13 Целзиусови степени.