Петиција упатена до Швајцарија: „Испратете ја Кабаева дома кај Путин“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Петиција на која досега се потпишани над 55.000 лица, поврзана со Алина Кабаева, наводната партнерка на Владимир Путина, а за која пренесува британски Mirror, е упатена до Швајцарија.

„Прв пат во модерната историја вашата земја ја прекрши неутралноста, што не го направи ниту кон нацистичка Германија во 20 век“, пишува во петицијата упатена до швајцарските власти, а со која се бара Швајцарија да ја протера Алина Кабаева, руската гимнастичарка за која се тврди дека со четирите вонбрачни деца кои ги има со Владимир Путин, живее во луксузна вила во планинско засолниште.

За петицијата информира и британски Mirror, и веќе се собрале над 55.000 потписи.

„Ние, граѓани на Русија, Белорусија и Украина, која моментално многу пати, се обединивме со цел да апелираме до швајцарските власти. Таа е омилената жена на диктаторот и воениот злосторник, кој ја напаѓа Украина последните недели.
Зошто властите продолжуваат со гостопримството кон неа и нејзиното семејство, во време кога Путин уништува животи на милиони луѓе?

Ќе бараме правда на сите можни начини, а ако се докажат факти за корумпираност на одредени државни функционери на Швајцарија, кои овозможиле Алина Кабаева да добие швајцарско државјанство надвор од сите процедури, тогаш ќе се потрудиме тие информации да не се чуваат. Испратете ја Кабаева дома, кај Путин“ – се додава во петицијата.

Исто така, на страницата Change.org е актуелна и петиција во која се бара да и бидат одземени сите олимписки медали на Кабаева.

„Да и се одземат сите олимписки медали на тајната љубовница на Владимир Путин и мајка на нивните деца, бидејќи поддржува воен криминалец, убиец и тиранин кој убива невини украински мажи, жени и деца, додека таа мирно безбедно живее на демократска почва.Таканаречената мајка, на која и е во ред нејзиниот партнер да бомбардира и убива невини луѓе, вклучувајќи бебиња и деца, не е пример за олимписки идеал. Таа живее во мир и комфорт, додека невини умираат“ – наведено е во петицијата.