Home Актуелно Сончев и ветровит вторник

Сончев и ветровит вторник

Времето во Македонија денеска, вторник, 22. март, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. На повеќе места ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 2, а максималната од 8 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 14 степени. Маврово 5, Охрид и КриваПаланка 11, Битола 10, Берово 8, Кавадарци 14, Дојран 16.

Во следните денови ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе се движат од 6 до 18 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…