Петелот кој ја раскара Франција – работата стигна и до суд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Повеќе од 120.000 Французи ја потпишаа петицијата иницирана за одбрана на правото на петелот Морис да кукурика во зори, a за неговата петелска судбина и право ќе решава францускиот суд.

Иако петицијата е потпишана од огромен број потписници, сепак, за правото на петелот да кукурика во рани зори ќе решава судот, откако ќе ги испраша тужителот и тужениот. А тужен во овој бизарен случај што ја подели Франција е петелот Морис.

Политичарите го користат овој случај за да направат споредба меѓу руралната и урбаната Франција, а на социјалните мрежи се шири логото “J’suisse Maurice”.

Центарот на оваа драма се наоѓа во селото Сент-Пјер-д`Олерон, сместено на атлантскиот брег на северот на Франција. Таму живеат седум илјади луѓе, повеќето пензионери.

Двајца од нив не можат да го издржат кукурикањето на Морис, чиј ритуал почнува во 6.30 часот. Тие се жалат дека не можат да спијат од него, па го тужеле петелот. Тужителите се анонимна брачна двојка на возраст од 65 и 70 години.

Како аргумент, освен вознемирувањето навеле и дека имаат право на првенство, затоа што од 2004 живеат во куќата, а Морис постои од 2017 и од тогаш ги вознемирува.

Првото рочиште се одржа во четвртокот, а како знак на поддршка на петелот пред судот се собраа група селани со петли во рацете .

Сопственичката на Морис, Корин Фесо, ангажирала и адвокат кој во судницата тврдел дека петелот си кукурика толку силно колку и сите други припадници на неговиот род , а што им пречи на соседите од градот – тоа е нивна работа.