Home Вебкафе Песочна бура во Русија предизвика катаклизмични пустински сцени

Песочна бура во Русија предизвика катаклизмични пустински сцени

Како последица на песочната бура која го погоди рускиот град Таганрок, на југот на Русија, во Ростовската област реката Дон и Таганрогскиот Залив станаа плитки.

Силниот ветер предизвика разни последици. „Го нема веќе Таганрогскиот залив! Таганрог го покри песок од четири метри. Можеби и повеќе“, изјави еден од локалните жители кој објави снимка на социјалните мрежи.

Бродовите се на копно, додека локалните жители ги возат автомобилите како на сафари, јавуваат руските медиуми.

Бурата ја предизвика силен источен и североисточен ветер кој ја турка водата од реката во Азовското Море. Брегот се помести за речиси 100 метри.

Втор ден по ред жителите на Таганрог мора да носат маски, а многумина се жалат на тешкотии со дишењето. Водата ќе се врати кога ветерот ќе го смени правецот, с според проценките тоа ќе се случи за една недела.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Како би изгледало ако жените имаа (перверзни) фори за мување?

Навикнати сме мажите да имаат смешни и понекогаш излитени фори за мување девојки, но како …