Home Шоубизнис Перверзно богат: ТОА крај неговата нога е поскапо од злато

Перверзно богат: ТОА крај неговата нога е поскапо од злато

Кристиано Роналдо на Инстаграм објави уште една скокотлива фотографија која можеби е најдобар доказ досега колку навистина е богат овој човек.

Славниот фудбалер позираше во друштво на пријателот и деловен соработник Мигел Паиксао, не својот приватен авион, со најскапата торба на светот крај неговата нога.

Станува збор за луксузна Хермес Биркин патна торба, чии цени главно се движат помеѓу 5.000 i 10.000 евра, но и до 100.000 еврадоколку станува збор за персонализиран примерок.

Биркин торбичката името го добила според актерката и пејачка Џејн Биркин, а брендот е настанат во 1981 година.

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Точната цена на овие торби може да се дознае единствено на лично барање, а освен според големината, варира и според тоа од кој вид на кожа е изработена, земјата во која се продава, па дури и бојата и моделот. За купување на овие екстра луксузни торби постои дури и листа на чекање.

Торбата која стои крај нозете од Кристиано Роналдо минатата година беше прогласена за инвестиција повредна од злато.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Актерот Гај Капулник загина на 46 години во авионска несреќа

Гај Капулник трагично го загуби животот на 46 години. Актерот загина во мала авионска неср…