Перишиќ заминува во Манчестер Јунајтед за 45,7 милиони евра


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед со Интер го договорил трансферот на Иван Перишиќ. Според англиските медиуми, Хрватот утре ќе потпише договор со „Црвените ѓаволи“, а Интер ќе заработи 45,7 милиони евра.

Иван Перишиќ (28) беше една од најголемите желби на Жозе Мурињо во преодниот рок. За негова среќа, неколкунеделните преговори завршија успешно.

Јунајтед ќе плати 45,7 милиони евра за играчот кој во 2015 година од Волфсбург во Интер пристигна за 19 милиони евра.

Перишиќ во кариерата настапувал за Сошо, Роселар, Бриж, Борусија Дортмунд, Волфсбург и Интер, а интересно сите негови досегашни трансфери изнесувале 33 милиони евра.

Минатата сезона Перишиќ на 42 натпревари забележал ефект од 11 голови и 12 асистенции.

Перишиќ ќе биде третото засилување за Манчестер Јунајтед во овој преоден рок по дефанзивецот Виктор Линделоф (Бенфика, 35 милиони евра) и напаѓачот Ромелу Лукаку (Евертон, 85 милиони евра).