Пендаровски ја разбранува јавноста со изјавата „Да не бев претседател, ќе се иселев од мојата земја“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


При неговото обраќање во рамки на средбата со словенечкиот претседате Борут Пахор на 4. Регионален младински форум во Нови Сад, македонскиот претеседател Стево Пендаровски, во контекст на говорот за состојбата на младите од балканските земји, даде малку контроверзен приемр за тоа дека „доколку не бил претседател, и тој би се иселил од својата земја“.

На средбата, Пендаровски повторил дека за Македонија не постои друга алтернатива, освен европската интеграција и и се заблагодарил на Словенија за отворената поддршка.

Белата чума нема да запре ниту наредните две години, оцени претседателот Пендаровски. Тој смета дека е потребно менување на менталниот склоп во регионот.

„Наместо да чекаме пораки од Брисел и големите центри, да ја донесеме ЕУ во регионот со реформи и економски развој“, изјави на панелот Пендаровски, кој упати порака „на младите да им се овозможи првата шанса за работа да ја добијат дома, а таква можност има во иницијативата Мини шенген“.

Со 400 евра просечна плата во регионот Пендаровски итворено изјави: „И јас да не сум претседател би се иселил од својата земја“.

Сите политички водства сме одговорни за масовното отселување на младите, вели претседателот Стево Пендаровски, надоврзувајќи се на изјавата во Нови Сад, каде денеска кажа дека и тој би се иселил од Македонија доколку не е претседател.

„Ја разбирам потребата за дадената изјава на Регионалниот младински лидерски форум во Нови Сад да биде врамена во дневни партиско-политички пресметки, но трендовите во целиот регион и кај нас се неспорни. Губиме висококвалификуван и млад кадар. Одговорноста е на сите политички водства, од независноста до денес. Вклучително и моја“, вели Пендаровски во допис до медиумите.