Home Актуелно Го онеспособил разбојникот: Муштерија спречил грабеж во маркет во Чаир

Го онеспособил разбојникот: Муштерија спречил грабеж во маркет во Чаир

Против лице од Скопје е поднесено обвинение од страна на Јавното обвинителство обид за вршење разбојништво со пиштол во маркет во скопската населба Чаир.

Во обвинението пишува дека разбојникот пред два дена со вперен пиштол им се заканил на две лица вработени во маркет на улицата „Цветан Димов“ во скопски Чаир. На вработените им наредил да се тргнат од касата, посегнал преку пултот и од фиока зел 5.000 денари.

Токму кога ги земал парите во маркетот влегол муштерија кој му се нафрлил на разбојникот, по што тој бил совладан од присутните, а му било одземено оружјето. ОЈО до судија на претходна постапка поднесе барање на разбојникот да му одреди притвор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…