Пендаровски: Американските санкционери нема да ни ги решат проблемите во судството – тоа треба да го направиме сами


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Доаѓањето на американскиот тим за санкции во Македонијае во функција на скенирање на состојбите во судството, но политичката порака од тоа е дека треба сами да ги завршиме работите дома во таа сфера, апелира претседателот Стево Пендаровски.

Тој на новинарско прашање пред денешната панел дискусијата на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје, истакна дека постои голема забуна околу тој тим, кој вели, не е тим на истражители, не се правници и тие немаа контакт ниту со обвинители ниту со политичари.

-Тоа се дипломати од Стејт департмент. Доаѓале и порано, ќе доаѓаат и во иднина. Тие собираат информации за тоа што се случува во сферата на судството, и понатаму сосоема автономно, независно од нас, ја формираат таа тн. црна листа или листа на ентитети под санкции. И она што е најважната политичка порака, која сум ја кажувал и сакам да ја повторам, е ќе бидеме во голема заблуда, прво ние што сме одговорни политичари во моментов во Македонија ако мислиме дека некој друг ќе ни ја заврши таа работа. Тие колу пати и да доаѓаат не доаѓаат да ја завршат, мојата, вашата работа, или работата на судовите и обвинителствата. Тоа е сосема независна работа, исто како што е Извештајот за човековите права кој Стејт департментот секоја година го објавува, појаснува Пендаровски.

Тимот за санкции од Вашингтон кој пристигна минатата недела во земјава, според објавите на американската амбасадорка Анџела Агелер, има за цел „поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори“, со оценка дека на правосудниот сектор во земјава му требаат повеќе истраги и гонење за да се покаже дека никој не е над законот.

Пендаровски потврди и дека причината поради која е одложена посетата на советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле на земјава е бидејќи заболел од ковид. Тој вчера телефонски разговорал со Шоле, а најавите се, вели, дека посетата на регионот, а во тие рамки и на Скопје, ќе се реализира на крајот на јануари, при што Шоле ќе биде придружуван од заменик помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар.