Пеколот во Сибир трае: Пожарите се шират, чадот ги гуши граѓаните


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако на терен за нивно локализирање и спречување на понатамошно ширење се илјадници пожарникари, а вклучени се и авијацијата и хеликоптерски служби, огромните и стравични сибирски пожари и понатаму се шират.

Во соопштението на рускиот Greenpeace се наведува дека моментално горат 4,5 милиони хектари , а завчера подрачјето зафатено со оган имаше површина од 4,2 милиони.

„Запалената шумска област во Сибир продолжува да се шири и покрај изјавата на гувернерот на Краснојарск, Александар Ус, кој тврди дека во неговиот регион се случила радикална пресвртница во борбата против пожарите“, се наведува во соопштението на рускиот Greenpeace.

НАСА исто така објави податоци кои покажуваат дека пожарите се шират во огромни области.

Во неделата, руската авијација објави дека изгаснала 753.000 хектари шумски пожари во Сибир во рок од четири дена. Во исто време, групите за животна средина ги нарекуваат овие пожари како еколошка катастрофа.

„После четири дена работа во регионите Краснојарск и Иркутск, руската авијација успеа да изгасне шумски пожари на површина од 753.000 хектари“, велат од Министерството.

Соопштија и дека во неделата нивните воени авиони извршиле 24 мисии за летање во кои фрлале 1.008 тони вода врз огнот.

Покрај тоа, хеликоптерите Ми-8 спроведоа 37 летови со 6.600 тони вода, додаваат тие.

Путин нареди руската армија да учествува во противпожарната борба во Сибир.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diana Sokolova (@dianabuleyko) on

„Стотици луѓе се погодени од ефектите на чадот“, рече заменик министерот за вонредни служби Александар Чупријан, кој пристигна во регионот Иркутск во неделата за да ги координира противпожарните операции.

Серија огромни пожари се раширија низ источните региони на Русија, поради што е прогласена вонредна состојба.

И додека активистите за животна средина како Гринпис ги нарекуваат пожарите еколошка катастрофа, руските власти немаат толку драстичен пристап.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergey Kalashnikov (@runkalser) on

Руската Федерална агенција за шуми минатата недела соопшти дека пожарите не претставуваат закана за човечките живеалишта и економските објекти. Тие проценија дека повеќе средства ќе бидат потрошени за гаснење отколку што би направиле штета.

Александар Ус, гувернерот на регионот Краснојарск, беше цитиран во руските медиуми велејќи дека би било беспредметно и евентуално штетно да се испратат илјадници луѓе за гаснење на овие пожари.

„Факт е дека станува збор за природна појава, борбата би била незначителна, а можеби дури и опасна “, рече тој. Ваквиот одговор на руските власти предизвика гнев кај локалното население кое тврди дека едвај се живи од густиот чад што се шири и ги зафати блиските градови. Повеќе од милион луѓе потпишаа петиција во која се бара прогласување вонредна состојба низ Сибир и што повеќе да се направи во борбата против пожарите.

Монголија ја следи состојбата со пожарот додека се приближува до нивните граници.

Во меѓувреме, корисниците на социјалните медиуми кои живеат во градовите погодени од чад објавуваат слики и фотографии на кои се гледа колку има чад во нивните градови.