Home Актуелно Финансиска полиција го приведе бившиот директор на Централен регистар, Андреа Поповски

Финансиска полиција го приведе бившиот директор на Централен регистар, Андреа Поповски

Бившиот директор на Централниот регистар, Андреја Поповски, синоќа беше приведен од страна на финансиската полиција, а уште четири лица кои биле на раководни функции во времето на Поповски се под истрага од истата управа.

Директорот на финансиската полиција Арафат Муареми за тв 24 изјави дека тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Неофицијално станува збор за незаконски партиски вработуваења во периодот од 2014 до 2017 година кога Поповски беше на чело на Централниот регистар.

Според информации на ТВ24 лицата биле незаконски вработени и воопшто не се појавувале на работните места. Поповски ноќта ја помина во полициска станица, а денес заедно со четворицата колеги ќе биде изведен пред судија на претходна постапка..

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…