Пеколен распоред: Реал ќе игра 8 меча за само 25 дена!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид ќе има пеколен распоред во наредните месец дена кој може да се покаже како одлучувачки во траката за титулата. Имено, „кралевите“ за само 25 дена ќе одиграат осум натпревари.

Водството на Ла Лига синоќа го закажа дуелот против Валенсија за 22 февруари што уште повеќе го згусна и онака незгодниот распоред.

Серијата за Реал Мадрид започнува на 11-ти февруари со натпревар против Осасуна за Ла Лига, а на 15-ти шпанскиот клуб ќе се соочи против Наполи во дуел од Лигата на шампионите. Потоа следува Еспањол на 18-ти, Валенсија на 22-ри, Виљареал на 26-ти, Лас Палмас на 1-ви март, Еибар на 5-ти и повторно Наполи на 7-ми.

Да биде проблемот поголем, во овие осум натпревари го нема дуелот со Селта кој беше одложен во неделата, а за чие преигрување Реал нема место во распоредот во следните месец дена. Тоа значи дека и по овој тежок период, а под услов да обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, Реал повторно ќе има згуснат распоред.