Пекол и во Цирих: Напаѓач со огнено оружје усмртил три лица во исламски центар

Пеколна беше минатата вечер во Европа, откако во само три часа се случија три терористички напади. Атентат врз рускиот амбасадор во Анкара, камион усмрти дванаесет луѓе на божиќниот пазар во Берлин, тројца се повредени во престрелка во џамија во Цирих.

Швајцарскиот магазин Блик објави вест дека тројца се повредени во престрелка во Исламскиот центар во Цирих.

Полицијата во Цирих соопшти дека неидентификувано лице влегло во центарот, кој се наоѓа во близина на главната железничка станица, и испукало неколку истрели на група луѓе кои се молеле. Напаѓачот за кој се верува дека има околу 30 години, носел црна облека, и е во бегство. Полицијата врши увид на местото на злосторството. Повредените лица се хоспитализирани.

Градската полиција и кантонската го бараат бегалецот и ги сослушуваат сведоците. Полицијата пронашла тело неколку блока од Исламскиот центар и испитува дали има врска со нападот.