Home Актуелно „Патот на олимпискиот шампион“ – промовирана книгата за легендата Шабан Трстена

„Патот на олимпискиот шампион“ – промовирана книгата за легендата Шабан Трстена

„Патот на Олимпискиот шампион“ е насловот на книгата за Шабан Трстена, која вчера беше промовирана во присуство на многу истакнати спортисти, негови пријатели и медиуми. Освојувачот на златниот олимписки медал од 1984 година во Лос Анџелес со ентузијазам се потсети на убавите моменти од неговата богата кариера.

Еден од авторите на книгата, Сефер Тахири истакна дека треба да бидеме горди со личности како што е Шабан Трстена. Инаку Трстена во борење е освојувач на  30 медали, од кои најважни се златниот медал од 1984 година на Олимписките игри во Лос Анџелес и сребрениот медал освоен четири години подоцна во Сеул, исто така на Олимписки игри.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…