Парите од наместените натпревари во Белгија биле испрани преку Македонка!

belgium

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Девојката на српскиот менеџер ја користела својата сметка за перење на пари од трансфери.

Марија Богојевска, девојка на фудбалскиот менаџер Дејан Вељјковиќ кој е уапсен во големиот скандла во Белгија, била параван за перење на пари на своето момче и тоа преку сметка во Белград, пренесуваат белгиските медиуми.

Како што пренесуваат медиумите во Белгија, Дејан во 2017 година ја замолил Марија која има и белгиско државјанство да отвори сметка во Белград за да префрли два до три милиони евра. Таа сума менаџерот наводно сакал да ја сокрие од адвокатите за да не влезат во парницата за развод со неговата поранешна сопруга.

Марија не се сомневала се до март оваа година кога ја открила вистинската причина. Во тој момент таа направила голем „кикс“ бидејќи на својата мајка преку телефон и кажала: „Дејан ја користи мојата сметка за перење пари“, тврдат Белгијците.

Се наведува дека полицијата ги снимила сите разговори па и нејзиниот. Марија не го пријавила своето момче па затоа е приведена во полиција, но подоцна е пуштена.

Ќе потсетиме и дека претходно во оваа иста мега афера за местење натпревари и перење на пари беше уапсен и македонскиот менаџер Драган Силјановски.