Папата: Меси не е Бог, тоа е сквернавење!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Папата Франциск, вели дека е сквернавење кога ќе се рече дека Лео Меси е Бог иако признава дека е врвен фудбалер и е задоволство да се гледа на теренот.

Новинарот Жорди Евол, кој имаше интервју со Папата, му рече дека верува дека Меси е Гог и го праша како го оценува аргентинскиот фудбалер.

„Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси е врвен играч, но тој не е Бог. Во теоријата да се каже дека Меси е Бог е сквернавење. Не можете да зборувате такви работи, бидејќи не се вистина“, одговори Папата Франциск.

„Луѓето можат да разговараат за тоа колку го сакаат Меси, дека тој е Бог на фудбалско поле. Тоа се изрази меѓу народот, исто како што може да кажат „те обожавам“, но само Господ Бог може да биде обожуван“.

„Секако, многу е добар, но не е Бог“, заклучи Папата за шпанската телевизија „Ла Секста“.