Панорамска слика од Марс од 1,8 милијарди пиксели


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Истражувачкиот ровер НАСА, Curiosity, направи панорамски фотографии на Марс во досега најголема резолуција од 1,8 милијарди пиксели.

Панорамата е составена од повеќе од 1.000 фотографии направени за време на Денот на благодарноста минатата година и има 1,8 милијарди пиксели, пренесува НАСА. За снимање на панорамата се користела камерата Mastcam.

Панорамата го прикажува Глен Торидон, област што роверот Curiosity со години ја истражува. Фотографиите се снимени на 24 ноември и на 1 декември.

Curiosity е роверот на НАСА кој што успешно слета на Марс на 6 август 2012 година, и ја започна својата прва, првично замислена како двегодишна истражувачка мисија за која сè уште не е познато кога ќе заврши.

Главните цели на Curiosity се да се истражува климата и геологијата на Марс и да се открие дали некогаш постоел живот на планетата.

Curiosity ги носи на себе најнапредните инструменти досега лансирани кон Марс и со своите 900 кг е најтешкиот ровер што некогаш се спуштил на друго небесно тело.