За седум години од Македонија се одлеале 1,7 милијарди евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од 2012 година до сега како дивиденди од земјава одлеани се над 1,7 милијарди евра или точно милијарда и 720 милиони евра, пренесува Фактор.

Близу 319 милиони евра префрлиле назад во матичните земји странските инвеститори во земјава како дивиденди за сработеното овде, за цела година лани. Ова е биланс од работењето на компаниите кои имаат странски капитал, но не мора да значи и дека се класични странски инвеститори. Банки, компании од повеќе сектори кои имаат странски капитал овде, речиси секоја година ги одлеваат заработките во фирмите мајки. Сумата која како дивиденда е префрлена во 2019 година сепак е еден подобар „скор“ ако се анализаираат податоците од годините претходно.

Фактор направи споредба на одливите по основ на дивиденди од 2012 година набваму, па само во 2014 година, сумата е поголема од ланската. Односно таа година одлеани се вкупно 364,2 милиони евра, лани се безмалку 320 милиони евра. Сумите во 2012 и во 2013 година не надминуваат 150 милиони евра, исто како што е и во 2015 година, додека во 2016 се само нешто над 200 милиони евра.

Инаку нема податоци кој ги исплаќа овие дивиденди и кон која земја се одлеани парите. Најголемите одливи сепак се од друштвата кои остваруваат поголеми добивки, како банките на пример, од кои пак, повеќето имаат странски акционери.

Година одлив дивиденди (мил. евра)

2012 – 135,6

2013 – 128,4

2014 – 364,2

2015 – 138,3

2016 – 201,6

2017 – 230

2018 – 202,8

2019 – 319