Пандев прифати помала плата и останува во Џенова


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми информираат дека македонскиот интернационалец, Горан Пандев прифатил драстично помала плата и ќе остане во Џенова и следната сезона.

Македонскиот репрезентативец ги разреши дилемите околку неговата иднина и одлучи да потпише нов едногодишен договор со Џенова.

Самиот фудбалер минатиот месец откри дека имал понуди од Кина и Турција но порача дека сака да остане во Серија А и да ја заврши кариерата во Италија.

Пандев претходните сезони во Џенова заработуваше 1 милион евра по сезона, а италијанские медиуми тврдат дека прифатил повеќе од двојно помала плата.