Македонскиот младински ракометен репрезентативец Марко Божиновски почина ненадејно на 20-годишна возраст. Оваа смрт повторно го потресе македоскиот ракомет и цела јавност. Засега, не се познати причините за неговата смрт. „Со неизмерна тага и неверување испраќаме последен поздрав за прераната смрт на македонскиот младински репрезентативец Марко Божиновски. Почивај во мир, сочувство до семејството“,велат од Ракометната федерација на Македонија. Според неофицијални информации …