Само што Словенија го презеде шестмесечното претседателство со Европската унија, словенечкиот премиер Јанез Јанша со една изјава нè почести со студен туш во врска со македонското членство во ЕУ и спорот со Бугарија. Словенија ја разбира позицијата на Бугарија за нејзиното вето за почетокот на преговорите со Македонија, бидејќи е земја-членка, изјавил словенечкиот премиер Јанез Јанша како одговор на прашање …