Фала „друже“ Јанша, ќе ти го памтиме ова


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Само што Словенија го презеде шестмесечното претседателство со Европската унија, словенечкиот премиер Јанез Јанша со една изјава нè почести со студен туш во врска со македонското членство во ЕУ и спорот со Бугарија.

Словенија ја разбира позицијата на Бугарија за нејзиното вето за почетокот на преговорите со Македонија, бидејќи е земја-членка, изјавил словенечкиот премиер Јанез Јанша како одговор на прашање на Бугарското национално радио БНР.

– Кога сме во едно семејство, прво доаѓа интересот на земјите од тоа семејство, а потоа на другите – рекол Јанша и додал: Мора да се однесуваме како семејство, во спротивно тоа е под закана.

– Мора да се обидеме да најдеме компромис – истакнал тој .

Премиерот го опиша последниот предлог на португалското претседателство за продолжување на преговорите како добар.

– Добро е за Бугарија да прифати нација која зборува сличен јазик и има слична култура. Можеби е спорна точка, но треба да имаме стратешки поглед на работите – рече Јанша.

Министерот за надворешни работи на Словенија, Анге Логар, од своја страна изјави дека една од неговите први претстојни посети ќе биде во Бугарија во врска со ветото на Бугарија за почеток на преговорите со Македонија, пренесе БНР.

Вчера, Словенија го презеде шестмесечното ротирачко претседателство со ЕУ од Португалија.