Повеќето сирења во кои со задоволство уживаме, имаат висок процент на масти, дури 50% до 70%.
Сите љубители на сирење можат да најдат алтернатива – сирење кое не е богато со масти. За да ја зачувате фигурата, вашата задача е да давате предност на сирења со содржина на масти до максимум 30%. Верувајте, дури и нискомасни сирења можат да бидат многу вкусни и нема да имаат негативно влијание на вашата фигура.
ТОФУ СИРЕЊЕ
Значи, на прво место е тофуто. Тофу сирењето е многу вкусно и содржи само 1,5% до 4% масти. Тофуто содржи голема количина висококвалитетни протеини, што се алтернатива на протеините од месото. Калоричниот состав на сирењето е само 80 килокалории на 100 грама.
РИКОТА СИРЕЊЕ
На второ место е рикотата. Сирењето содржи 8% до 13% масти и 174 килокалории. Користете ја оваа врста сирење во салати, десерти, и како самостојна ужинка.
МОЦАРЕЛА СИРЕЊЕ
Следно е моцарелата. Вкусна и многу корисна врста сирење. Обично се продава во форма на кугли во солен раствор. Содржи 22,5% масти и калоричната вредност е само 150 килокалории на 100 грама.
ГАУДА СИРЕЊЕ
Гауда сирењето исто така има ниска содржина на масти, само 7%! Гауда сирењето содржи мала количина на масти, погоден е за оние кои сакаат да водат здрав начин на живот. 100 грама сирење имаат само 180 килокалории.
ОБИЧНО СИРЕЊЕ
И нашата листа ја затвора лесното домашно сирење. Обично, домашното сирење со висок процент на масти има 250 килокалории. Во споредба со конвенционалните тврди сирења, тоа не е многу. Инаку, во продавниците има „Фета-лајт“ сирења со содржина на масти од 5% до 17%, а просечниот калориски состав е 160 килокалории.