Министерството за образование и наука денеска соопшти дека оновните и средните училишта од утре ќе продолжат да работат, односно ќе примаат ученици и ќе организираат воспитно-образовен процес, и покрај најавениот штрајк од раководството на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК). Оттаму објаснуваат дека правната регулатива ги штити интересите и на учениците и согласно законите за основно и средно образование, …