Некои парчиња мебел не мора да го следат секој нов тренд за да изгледаат современо. Напротив, нивната привлечност е токму во тоа што потсетуваат на некои други времиња, имаат препознатлив карактер и му даваат на просторот чувство на промислен, личен стил. Во таа категорија спаѓа и кожната фотелја од Zara Home, која ја спојува естетиката на oldschool мебелот со доволно прочистени линии за да се вклопи и во модерни ентериери.