Официјален Вашингтон предупредува дека Русија подготвува анексија на окупираните украински територии според примерот на Крим, планирајќи организирање на лажни референдуми најрано во септември. Повикувајќи се на разузнавачки извори, портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби вели дека Русија веќе подготвува терен за анексија. „Ова ќе ги опфати окупираните региони Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје. Сакаме тоа да му биде …