Роналдо „западна“ на Инстаграм


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо загуби над два милиона следбеници на социјалната платформа Инстаграм, пишува Business Insider, откако се појавија големи технички проблеми на социјалната мрежа.

Фудбалската ѕвезда моментално има 492 милиони следбеници и е втор најследен профил на таа социјална мрежа.

Инстаграм вчера им правеше проблеми на корисниците ширум светот, а на многумина им беа суспендирани профилите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Додека милиони луѓе се подготвуваа да споделат фотографии од нивните костими за Ноќта на вештерките на Инстаграм, многумина едноставно не успеаја да се логираат, а други ја добија пораката „Ја суспендиравме вашата сметка на 31 октомври 2022 година“.

„Како ќе споделам фотографија од моето куче во костим ако Инстаграм не е во функција“, праша еден корисник на Твитер, додека многумина се пожалија на лошата шега што се случила на еден од најважните денови во годината за објавување селфи.

„Свесни сме дека некои од вас имаат проблеми со пристапот до вашиот Инстаграм профил“, потврди социјалната мрежа на Твитер. „Го решаваме проблемот и се извинуваме за непријатностите.“

Пораката за суспензијата од мрежата предизвика конфузија кај многу корисници, кои на други мрежи како Твитер прашуваа дали нивната сметка е навистина заклучена или се работи за привремена грешка. Многу од засегнатите се загрижени дека неоснованата суспензија може да доведе до драстичен пад на следбениците.