Home Актуелно Најстарата истанбулска слаткарница ги направи последните слатки – затвора култната „Лебон“

Најстарата истанбулска слаткарница ги направи последните слатки – затвора култната „Лебон“

Култната слаткарница „Лебон“, лоцирана во центарот на Истанбул, ги затвора вратите поради превисока кирија.

Слаткарницата, според сопствениците, во Турската Држава работи веќе 212 години. Но, сега луѓето кои ја водат, се принудени да ја затворат, откако сопственикот на просториите на „Истиклал“ ја зголемил киријата. Претходната цена од 42.500 турски лири (околу 2.300 евра) е покачена на 185.000 лири (10.000 евра), според Абдурахман Џенгиз, еден од одговорните во слаткарницата.

– Оваа слаткарница е прва во отоманската и републиканската историја на земјата. Би сакал брендот да опстои, но тоа не успеа. За да се преселам на друго место, пак, ми требаат 10 милиони турски лири. И тоа е невозможно – додаде Џенгиз.

Според него, во слаткарницата се инвестирани 10 милиони евра, а по затворањето, 12-мина вработени ќе останат без работа.

Слаткарницата „Лебон“ била отворена 1810 година, од Едуард Лебон во областа Бејоглу. Џенгиз и неговиот партнер Шаќир Екинчи го купиле брендот во 1985 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Ќе бидам среќна кога… – Како да престанеме да ја одложуваме среќата во животот

Како да се ослободиме од оваа замка и навистина да почнеме да живееме – сега? Колку пати с…