Парискиот Лувр, њујоршкиот Музеј за модерна уметност (МоМА), Националната галерија на Австралија, Национален музеј во Токио, Шекспировиот Глоуб во Лондон и повеќе од 1.400 други музеи ширум светот ќе се појават следната недела на Твитер. Од понеделник, уметничките институции во 50 земји ќе „твитаат“ под хаштагот #MuseumWeеk со цел да ги промовираат своите колекции и да поттикнат реакцијата на публиката, …