Германски археолози пронајдоа 250 години стари грицки, за време на ископувањата во баварскиот град Регенсбург. „Гарантирам дека овие се најстарите пронајдени переци досега“, изјави Силвиа Кодрено-Виндауер, од баварскиот државен институт за конзервација. Освен переците, археолозите ископаа и јагленосани пецива и кроасани. „Навистина е посебно да пронајдете нешто кое го отсликува секојдневието од тој период“, изјави градоначалникот на Регенсбург, Јоаким Волбергс. …