Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Градот под Маковите кули е подготвен за пречек на гостите и за одбележување на 14-тиот меѓународен карневал „Прочка“. Оваа година најавени се гости од Србија, Хрватска, Албанија, Бугарија, за прв пат од Сардинија и од Турција, како и од повеќе градови од Македонија, посочи Снежана Ристеска Советник за култура во ЕЛС Прилеп.
Програмата започнува утре, со изложба на маски кои ги имаат изработено прилепските ученици. Карневалот ќе биде најавен во сабота, со настапот на акробати, жонглери, пантомимичари, а главниот настан ќе се случи в недела во 13 часот во центарот на Прилеп.
Прилеп овие денови ќе живее во духот на карневалот рече градоначалникот Марјан Ристески, кој информираше дека Советот на Општина Прилеп донесе одлука и оваа година да се зголеми работното време на прилепските локали за два часа, а во сите прилепски кафулиња и дискотеките влезот за гостите ќе биде со задолжително носење на маска.
Меѓународниот карневал Прочка претставува спој на традицијата со модерното и како таков е еден од најзначајните настани во овај град. Со неговото одржување се зачувуваат старите обичаи кои се дел од нашето културно наследство, а истото се презентира на национално и на меѓународно ниво, што е особено значајно за развој на туризмот.