Во северна Грција можеби е пронајден гробот на познатиот грчки филозоф Аристотел, рече вчера еден грчки археолог, на конференција во Солун посветена на филозофот. „Постојат силни индикации дека го најдовме неговиот гроб“, рече Костас Сисманидес, пренесе грчката телевизија. Веројатното последно почивалиште на Аристотел се наоѓа во градот каде што е роден – античка Стагира, на источната страна од полуостровот Халкидики …