Новоформираната Национална асоцијација за дојдовен туризам на Македонија (НАИТМ) ја организира првата македонска туристичка берза, на која хотелите, рестораните, превозниците, винарниците и туристичките и планински водичи од Македонија ги понудија своите услуги и производи на агенциите за дојдовен туризам. Туристичката берза му претходеше на првото годишно собрание на Националната асоцијација за дојдовен туризам, на кое се претставија членките на НАИТМ …