Предавство или нешто друго: Која е вистината за апсењето на Ана Франк?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Апсењето на еврејското девојче Ана Франк, кое е автор на еден од светски најпознатите и најпреведуваните дневници, а коешто се случило кон крајот на Втората светска војна, можеби и не се случило благодарение на предавство како што долго се мислеше, покажуваат резултатите од најновите истражувања на историчарите.

Истражувачите од Музејот на Ана Франк во холандски Амстердам наведуваат дека според најновите сознанија можно е дека анексот на зградата, во којашто Ана се криела заедно со нејзиното семејство и уште четворица Евреи во текот на Втората светска војна, бил откриен благодарејќи на истрагата на нацистичките власти поврзани со измами околу купоните за набавување прехранбени продукти.

Сите осум лица кои се криеле на адресата „Prinsengracht 263“ биле откриени и уапсени на 4-ти август 1944 година и испратени во концентрациониот логор Аушвиц, во тогаш окупираната Полска. Само таткото на Ана Франк ја преживеал војната, а девојчето умрело во логорот Берген-Белсен во 1945 година, на 15-годишна возраст.

19-12-ana-frank1

Долго време се сметаше дека апсењето се случило по анонимен телефонски повик упатен во седиштето на германската разузнавачка служба, но штотуку објавената студија, која утврдила некои нови околности, ја доведува во прашање претпоставката дека нацистичките власти биле информирани за криењето на Евреите на споменатата адреса.

Истражувачите велат дека и самиот дневник на Ана Франк укажува всушност на нов доказ, повикувајќи се на делот од дневникот во кој таа на 10-ти март 1944 година повторно пишува за апсењето на двајцата луѓе – „Б“ и „Д“, кои учествувале во илегалното делење на купоните за храна и кои биле сместени во истата зграда.

„Фирмата во која двајцата продавачи се уапсени поради илегално дистрибуирање купони за храна очигледно претставувала ризик за привлекување на вниманието на властите“, се наведува во најновата студија кој ги истражува и преиспитува причините за откривањето и апсењето на Ана Франки и нејзиното семејство и соседите.

Постојат и други „силни индиции“ поврзани со овој случај кога ќе се спореди со „стандардната“ постапка на предавства на Евреите кои се криеле, на пример фактот дека многу телефони, благодарејќи на прекинатите телефонски линии, од почетокот на 1944 година не биле во функција, како и дека бројот на седиштето на германската разузнавачка служба не бил јавно објавен во телефонскиот именик.

„Тоа доведува до реалната можност дека телефонскиот повик, доколку воопшто го имало, дошол од друга владина агенција“, заклучуваат истражувачите.

Поврзано со трите лица за кои се знае дека учествувале во рацијата во која е откриено и семејството Франк „секогаш се претпоставувало дека нивната примарна активности била трагањето по сокриени Евреи и нивно апсење, но изворите кои сведочеле за нивната работа даваат поинаква слика“, се наведува во студијата.

Се чини дека првенствената задача на овие три лица биле разни криминални дела, вклучително и од економската сфера, се додава во студијата.

„Со ова, секако, не се отфрла целосно можноста дека сепак станувало збор за предавство, ниту е докажана поврзаноста со измамата со купоните за храна и апсењето“, заклучиле истражувачите.