СДСМ ќе изгради нов, модерен и функционален Универзитетски клинички центар за потребите на сите граѓани во Македонија. Здравствените услуги ќе бидат високо квалитетни, најави во понеделник Петре Шилегов, портпарол на СДСМ. „Ќе го вратиме концептот на единствен Универзитетски клинички центар во којшто сите клиники ќе бидат функционално поврзани. Нема да ве препраќаат како досега од клиника во клиника“, рече Шилегов. …