Добра комуникација и политика која ќе обезбеди добра соработка меѓу нив и институциите, очекуваат странските инвеститори од новата Влада. Ова денеска го истакна претседателот на Асоцијацијата на автомобилската индустрија при Советот на странски инвеститори на Стопанската комора и генерален директор на компанијата Ван хол, Аврам Стојчевски. Асоцијацијата денеска во Ван хол во Бунарџик, организираше средба на домашни и странски компании …