Откако својот настап на „Д фестивал“ го потврдија речиси 40 музички артисти од светската, регионалната и домашната сцена, програмата на новото фестивалско лето во Дојран станува уште посилна со едно од најголемите музички имиња од македонската сцена на сите времиња. Годинава „Д фестивал“ има чест да биде домаќин на великанот од домашната музичка сцена, легендарната рок-група „Архангел“ која ќе настапи …