Заев на средба со шампионот Вардар – Самсоненко му подари еден од златните медали (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Успехот кој го постигнавте е многукратно поголем за промоција на Македонија, од сите амбасади и економски промотори“, рече премиерот Зоран Заев пред ракометните шампиони од ракометниот клуб Вардар, кои денеска имаа прием во премиерскиот кабинет, пренесува Плусинфо.

Заев, честитајќи им ја шампионската титула рече и дека нивниот успех ја мотивирала Владата да размислува за засилено темпо во инвестирањето во спортот и за дополнително предлагање закони кои ќе бидат во насока на подобрување на условите за спортистите.

Од името на Владата, тој на ракометарите им врачи свечена плалета, а сопственикот на РК Вардар Сергеј Самсоненко, на премиерот му даде еден од шампионските златни медали.